Дома Фудбал Бартомеу призна, па ќе има ли последици?! – Каталонците во отворени преговори со Гризман

Бартомеу призна, па ќе има ли последици?! – Каталонците во отворени преговори со Гризман

Шансите дека Антонио Гризман ќе биде прва бомба на летниот преоден рок се повеќе растат. Преговорите помеѓу Барселона и напаѓачот на Атлетико започнаа уште изминатото лето, а цела сезона од Каталонија пристигнуваат шпекулации дека устмен договор е постигнат и дека Барселона ќе ја активира откупната клаузула од 100 милиони евра кога сезоната ќе заврши.

Изминатото лето беше познато дека таткото на Гризман и неговата сестра престојувале во Барселона каде преговарале за трансферот на „Камп Ноу“. Сега во Барселона повеќе и не кријат дека преговараат со Гризман. Претседателот, Џозеп Марија Бартомеу ги призна контактите со францускиот ас и неговте претставници.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Се видов со Гризман изминатото лето. Се состанавме со него, како што се состануваме со останатите играчи, но немавме никаков ручек. Со неговиот менаџер имаме однос како и со менаџерите на останатите играчи. Изминатиот октомври имавме состанок и тоа е тоа“, истакна Бартомеу.

Ваквото признание би можело да предизвика жестоки реакции од Атлетико. Мадриѓаните изминатата есен се закануваа дека ќе ја тужат Барселона во ФИФА бидејќи преговата со нивниот играч без нивна дозвола.

Инаку Атлетико се уште се труди да го задржи Гризман. Французинот го испочитува клубот изминатата сезона кога го продолжи договорот, во момент кога Мадриѓаните не можеа да регистрираат играчи поради суспензијата која траеше до 1. јануари годинава.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…