Претседателот на Барселона, Жосеп Марија Бартомеу негираше дека имало преговори со ѕвездата на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман.
Гризман официјално соопшти дека го напушта Ателтико Мадрид, а претседателот на „јорганџиите“ изјави дека уште од поодамна знае дека Французинот има договор со Барселона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Иако медиумите тврдат дека Гризман сигурно ќе се пресели во Барселона и дека Каталонците ќе ја активираат клаузулата, сепак Бартомеу категорично негира.
„Секогаш повторуваме, не сме разговараме со Гризман, нема ништо. Ќе видиме како ќе се развива трансфер пазарот во следните денови и седмици. Има доволно време до крајот, цели три месеци“, изјави Бартомеу.
„Ја контролираме ситуацијата, имаме јасна трансфер стратегија. Ја следиме ситуацијата и со младинскиот тим, оваа година неколку играчи ќе се приклучат во првиот тим. Ќе има играчи кои ќе заминат, како и нови кои ќе пристигнат“, додаде Бартомеу.
?️ — Josep Bartomeu: "Griezmann?We haven't talked to him, there is nothing done. We'll see how the market evolves the coming days and weeks." [@Circuitcat_cat, via @gerardromero] pic.twitter.com/d1hLstr1Ya
— Barça Universal (@BarcaUniversal) June 17, 2019