Дома Топ вести Барселона ја сака ѕвездата на Јувентус бесплатно

Барселона ја сака ѕвездата на Јувентус бесплатно

Плејмејкерот на Јувентус, Адриен Рабио може да се пресели во Барселона како слободен агент на лето, пренесува „Калчомеркато“.

Чави сака да го засили средниот ред, а верува дека Рабио иделано ќе се вклопи во неговиот стил на игра.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


27-годишниот Французин беше на мета на Манчестер Јунајтед минатото лето, но сепак реши да остане во Јувентус и до крај да го одработи договорот.

Тој на лето ќе биде слободен агент, а нема најава за продолжување на договорот со Јувентус, па готово сигурно ќе замине без обештетување.

Барселона сака да ја искористи таквата ситуација и да го донесе Французинот на „Камп Ноу“ бесплатно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…