Дома Топ вести Барселона ја платила оштетата за Гризман!?

Барселона ја платила оштетата за Гризман!?

0

Долго време трае сагата околу Антоан Гризман и неговиот трансфер во Барселона, а ако му веруваме на француски „Л’Eкип“ таа сага конечно заврши.

Реномираниот француски медиум објави дека Барселона конечно ја платила клазулата за Французинот.

Ќе потсетиме Барса требаше во средата да го комплетира трансферот, но се најде во проблем затоа што клубот не можеше да добие банкарска гаранција и работата беше одложена за пократок период.

До 1-ви јули клазулата на Гризман изнесуваше 200 милиони евра, а после таа дата цената на Гризман му беше 120 милиони евра. Барса нудеше десетина повеќе и бараше Атлетико да дозволи да ја исплаќа таа сума на рати, меѓутоа „јорганџиите“ одбија таков договор.

Вчера вечер се појавија најави дека Барселона ги завршила формланостите и ја платила клазулата онака како што бара Атлетико – во целост.

Гризман нема да биде претставен на теренот на „Ноу Камп“, туку само во просториите на клубот. Причина за таквата одлука на Барселона е што дел од навивачите се лути на Бразилецот затоа што ја одби Барселона минатото лето, фановите на Барса тоа го покажаа во натпреварот на „Ноу Камп“ минатата сезона кога испраќаа свирежи до Французинот.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Тотенхем на чекор од две големи засилувања

Тотенхем до сега доведе две големи засилувања во вредност од околу 70 милиони фунти, стану…