Барселона е во проблем бидејќи Лео Меси ќе остане на „Камп Ноу“ само доколку тимот биде доволно добар во наредните години да игра главна улога во Лигата на шампиони.
Поради тоа Каталонците решија да се вклучат силно на трансфер пазарот, за да изградат силен тим околу Лионел Меси кој ќе се бори за трофеи во наредните години.
Безбедни ли сме? Колку во Македонија се вложува во безбедност и заштита? ↓↓↓
Клубот е свесен дека на тимот му треба освежување и треба играчи кој ќе го поддржат Меси и ќе му помогнат да се бори на три фронта. Одбраната сигурно ќе биде засилен со најмалку две засилувања.
Исто така Меси бара поддршка во нападот, па ќе му биде донесен еден крилен и еден централен напаѓач кој треба адекватно да го замени Луис Суарез.
Аргентинецот инсистира да биде вратен Нејмар на „Камп Ноу“ и раководството ќе се обиде да му ја исполни желбата, а главна цел во нападот ќе биде Лаутаро Мартинез.