Дома Топ вести Барселона не запира, работи на трансферот на Бернардо Силва

Барселона не запира, работи на трансферот на Бернардо Силва

Барселона е најактивниот тим на трансфер пазарот ова лето и продолжува да работи на нови засилувања.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Каталонвите веќе ги обезбедија потписите на Роберт Левандовски, Рафиња, Франк Кеси, Андреас Кристенсен, а синоќа го потврдија и трансферот на Жил Кунде.

Сепак, управата на Каталонците нема намера да застане тука, а шпанските медиуми тврдат дека следно големо име на списокот ќе биде тоа на Бернардо Силва од Манчестер Сити.

Барселона преговара со агентот Жорге Мендеш, самиот фудбалер сака да се пресели на „Камп Ноу“, но проблем е цената од 90 милиони евра која ја бараат „граѓаните“ во моментов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…