Дома Трансфер зона Барселона наредната сезона „станува“ Ајакс – сакаат и трет играч од холандскиот гигант!

Барселона наредната сезона „станува“ Ајакс – сакаат и трет играч од холандскиот гигант!

0

Барселона ова лето ќе потроши огромна сума за да го засили својот тим.

Потписот на Френки Де Јонг Каталонците го обезбедија уште во јануари и неговиот трансфер ќе изнесува 86 милиони евра, но тоа изгледа нема да биде единствениот фудбалер кој од Ајакс ќе се пресели во Барселона ова лето.

Блиску до потпис со Барселона е и фантастичниот стопер Матијас Де Лихт кој ја воодушеви Европа со своите настапи. Вчера каталонски „Спорт“ пишуваше дека трансферот на Де Лихт во Барселона ќе биде потврден за неколку дена.

Значи едниот трансфер е обезбеден, другиот е во завршни преговори, а сега се појави вест дека Барселона ќе тргне по потписот на Дони Ван Де Бек.

И овој млад играч за врска (22 години) зад себе има одлична сезона. Привлече огромно внимание од клубовите на „Стариот континент“, но „АС“ тврди дека шпанскиот шампион би можел да избие во поволна позиција за негово доведување.

Вредноста на Ван Де Бек на трансфер пазарот е околу 25 милиони евра. Сепак, нема сомневање дека Ајакс од потенцијалниот купувач ќе извлече барем двојно поголема сума, а секако би било интересно да се видат тројцата играчи на Ајакс во дресот на Барселона.

Ван Де Бек покрај Барселона се поврзува и со Пари Сен Жермен, Борусија Дортмунд, Реал Мадрид и Тотенхем.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан ќе мора да го продава Донарума: ПСЖ и Манчестер Јунајтед спремаат понуди

Милан ќе мора да се соочи со нови ограничувања кога станува збор за ФФП доколку и оваа год…