Дома Трансфер зона „Радио Каталонија“: Де Лихт за неколку дена станува играч на Барселона!

„Радио Каталонија“: Де Лихт за неколку дена станува играч на Барселона!

Како што одминува времето станува појасно дека Барселона покрај Де Јонг ќе добие уште еден супер талент од оваа фантастична генерација на Ајакс.

Матијас Де Лихт долго време се поврзува со Барселона, а сега „Радио Каталонија“ тврди дека трансферот на овој фудбалер ќе биде потврден во следните неколку дена.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Новинарот Ориол Доменак објави дека агентот на играчот Мино Раиола имал средба со делегација на каталонскиот клуб на 12-ти април во Монте Карло.

Според информациите таа средба поминала во најдобар ред и бил постигнат договор за условите и платата на играчот. На овој состанок претставник на Ајакс немало затоа што се најавува дека Барселона нема да преговара со Ајакс и ќе ја плати цената која холандскиот клуб ја одредил за Де Лихт, а тоа 80 милиони евра.

Како единствен проблем кој може да настане се наведува проблематичниот карактер на Мино Раиола, но засега за такво нешто веројатноста е помала.

Вчера во медиумите „Мундо Депортиво“ пласираше вест дека Ливерпул може да ги расипе плановите на Барселона, но со оглед на тоа дека каталонското радио е медиум кој е многу добро запозаен со случувањата во Барселона очекувањата се дека овој трансфер ќе биде реализиран.

Ќе потсетиме Барселона претходно го обезбеди потписот на Френки Де Јонг за сума од 75 милиони евра, плус 11 како бонуси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Шок во Атлетик Билбао: Легендата заминува по две децении!

Икер Муниаин донел одлука да го напушти својот Атлетик Билбао на крајот од сезоната. Леген…