Дома Топ вести Барселона и Јунајтед си пуштија рака, се чека конечен одговор од Де Јонг

Барселона и Јунајтед си пуштија рака, се чека конечен одговор од Де Јонг

Манчестер Јунајтед и Барселона постигнале конечен договор за трансфер на Френки де Јонг, пренесуваат шпанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Евентуалниот трансфер ќе биде тежок 65 милиони евра и додатни 20 милиони евра во формата на бонуси.

Вчера во Барселона пристигна извршниот директор на „црвените ѓаволи“ Ричард Арнолд и спортскиот директор Џон Марто на финални преговори со директорите на Барса.

На средбата двете страни ги договориле сите детали и си пуштиле рака, но медиумите тврдат дека Де Јонг се уште не дал „зелено светло“ за трансферот.

Од „Олд Трафорд“ се надеваат дека ќе го комплетираат трансферот до крајот на неделата, но Холанѓанецот се уште не е убеден дали да се пресели во Манчестер бидејќи сака да игра во Лигата на шампиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…