Дома Топ вести Барселона и Реал Мадрид се „тепаат“ за Скриниар

Барселона и Реал Мадрид се „тепаат“ за Скриниар

Шпанаските гиганти Барселона и Реал Мадрид се силно заинтересирани за дефанзивецот на Интер, Милан Скриниар.

24-годишниот Скриниар се етаблираше во еден од најдобрите дефанзивци во Серија А, откако пред две години пристигна од Сампдорија во Интер.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Нероаѕурите“ и оваа лето имаа многу понуди за Словакот, но не помислуваат да се разделат од него и одбија понуда од 60 милиони евра.

„Реал Мадрид сака да го доведе Скриниар, но и Барселона исто така е заинтересирана. Ние сме отворени за преговори, но најпрво овие клубови трева да го убедат Интер“, изјави агентот на дефанзивецот, Митат Халис.

На шпанските гиганти ќе им биде тешко да преговараат со Интер бидејќи Скриниар има договор до 2023 година, а во него нема откупна клаузула.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Промашувањето од 40 милиони евра на Јунајтед се враќа на „Олд Трафорд“

Дони ван де Бик во Манчестер Јунајтед пристигна за 40 милиони евра, но не успеа да ги опра…