Барселона е во потрага по квалитетен играч за врска кој ќе биде наследник на Серхио Бускетс, пренесуваат каталонските медиуми.
Прв избор е португалскиот репрезентативец и член на Вулверхемптон, Рубен Невеш со кого преговорите се во напредна фаза.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Вулверхемптон е спремен да го пушти Невеш, но за неговата слобода бара 35 милиони фунти. Барселона е спремна да се ослободи од Франк Кеси за да го доведе Португалецот.
Кеси, кој ова лето пристигна од Милан, се покажа како големо промашување и најверојатно ќе замине после само шест месеци.
Со неговото заминување Барселона ќе отвори простор за доведување на Рубен Невеш, тврди каталонски „Спорт“.