Дома Фудбал Барселона го продолжи договорот со фудбалерот кој заработи тешка повреда – ќе има клазула од пола милијарда евра

Барселона го продолжи договорот со фудбалерот кој заработи тешка повреда – ќе има клазула од пола милијарда евра

Maрк Бернал играше одлично под водство на Ханси Флик во Барселона, но 17-годишникот немаше среќа и пред еден месец заработи тешка повреда поради која ќе паузира до крајот на сезоната.

Младиот дефанзивен играч за врска ова лето беше приклучен на сениорскиот тим и ги стартуваше првите три натпревари од сезоната во кои Барселона забележуваше победа. Кон крајот на август Бернал се повреди ви дуелот со Рајо Ваљекано.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Бернал ги скина лигаментите на левото колено и го чека пауза од околу девет месеци и најрано би можел да настапи во некој од последните натпревари во сезоната, сепак и тоа е малку веројатно.

Сепак, Барселона покажала дека не ја изгубила довербата во него и му дала нов договор со важност до 2029 година и откупна клазула од дури 500 милиони евра, објави Фабрицио Романо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

От ПСЖ го информирале Јуве дека и други клубови прашуваат за Коло Муани

Раководството на ПСЖ го информирало колегите од Јувентус дека треба да побрзаат ако сакаат…