Дома Трансфер зона Барселона го продава Рафиња за да се засили со играч од 50 милиони евра?

Барселона го продава Рафиња за да се засили со играч од 50 милиони евра?

Крилниот напаѓач на Атлетик Билбао, Нико Вилијамс има откупна клаузула од 50.000.000 евра, а токму тој би можел да биде една од метите на Барселона за засилување во летниот преоден рок.

Барселона го реши проблемот број еден и го убеди Чави да остане тренер уште една година, па сега е време да се организира и да го засили играчкиот кадар.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Една од централните теми во плановите на каталонскиот клуб е да се продаде Рафиња и со тие пари да го купи Нико Вилијамс од Билбао! Во напаѓачката линија на Барселона се пополнети две од три места за следната сезона: Ламин Јамал ​​е недопирлив по десната страна, додека Роберт Левандовски исто така веројатно ќе остане иако се појавија и спротивни најави.

Барса не е задоволна од игрите кои Рафиња ги пружа како левото крило каде што беше прекомандуван кога се увиде дека Ламал е „златното дете“ за светлата иднина на клубот и се верува дека на тимот ќе му треба играч кој е подобар во играта „еден на еден“. Во однос на бројките, Рафиња има солидна сезона: девет гола и 12 асистенции на 35 натпревари, но на „Ноу Камп“ веруваат дека им треба некој кој може повеќе.

Со оглед на финансиската состојба, Барселона и летово не може да се очекуваат спектакуларни трансфери. Односно, ќе може да потрошат онолку пари колку што заработат од продажба на играчи. За Рафиња не би требало да биде проблем да се најде заинтересиран клуб, а за Нико Вилијамс потребно е да се издвојат 50.000.000 евра колку што е откупната клаузула во договорот со Билбао.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Во Италија ќе има и трет преоден рок

Во Италија од наредната година би можел да биде воведен и трет преоден рок. Причина за ово…