Дома Фудбал Барселона го декласира Реал во женското Ел Класико (видео)

Барселона го декласира Реал во женското Ел Класико (видео)

Вчера почна шпанското фудбалско првенство за жени, а уште во првото коло беше одиграно „Ел Класико“.

Барселона славеше со високи 9-1, па ја оправда фаворитска улога на теренот.

Најдобра беше Хермосо, која постигна три гола, Аитана постигна два, додека мрежата на Реал ја погодуваа и Путелас, Мариона и Грахам, додека Лусија Суарез ја затресе сопствената мрежа.

Реал Мадрид на барање на публиката формираше женски тим, откако ја купи лиценцата од Депортиво Такона.

Под тоа име ќе се натпреварува сезонава, а од следната официјално ќе стане Реал Мадрид.

https://youtu.be/sQEBf90U8P8
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алекс Скот може да го напушти Борнмут во јануари

Алекс Скот би можел да го напушти Борнмут во јануари, откако клубот е отворен за понуди на…