Англиски Фулам се насочи кон дефанзивецот на Барселона, Жан-Клер Тодибо, информира „Марка“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Тобидо се врати на „Камп Ноу“ после позајмицата во Шалке, а Барса е спремна да го продаде бидејќи има потреба од финансиски средства.
Фулам за потписот на Тобидо нуди 18 милиони евра, плус 5 милиони во форма на бонуси.
Раководството на Барселона се согласува со условите, но самиот фудбалер во моментов го кочи трансферот бидејќи не сака да се пресели во Фулам.
Се очекува Тодибо да биде новиот фудбалер кој го напушта „Камп Ноу“. Пред него истото го сторија Иван Ракитиќ, Артуро Видал, Нелсон Семедо и Луис Суарез.