Приоритет на Барселона во зимскиот преоден рок ќе биде доведување на централен дефанзивец, а каталонските медиуми го открија првото име на списокот.
Станува збор за дефанзивецот на Валенсија, Џеферсон Муриљо за кого веќе Барселона веќе започнала преговори. 26-годишниот Колумбиец не влегува во плановите на тренерот Марселињо, па од почетокот на сезоната одигра само три натпревари.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ернесто Валверде иако остварува одлични резултати, во моментов може да смета само на двајца дефанзивци, бидејќи Умтити и Вермален се повредени.
Сепак, фановите негодуваат за ваквиот трансфер бидејќи сметаат дека Муриљо нема квалитет да го носи дресот на Барселона, а тоа покажува и фактот што е резерва во Валенсија.