Само неколку дена откако се појави информацијата дека Реал Мадрид е спремен да ја плати клаузулата за Тео Ернандез, се појавија Каталонците.
Имено, играчот на Атлетико Мадрид игра одлично на позајмица во Алавеш, па двата најголеми шпански клуба се спремни да платат ја активираат откупната клаузула која изнесува 24 милиони евра.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Барса се надева дека на младиот лев бек ќе му биде полесно да ја прифати понудата на Каталонците, отоколку да се пресели во градскиот ривал.
Проблематична за Барса е и десната бековска позиција, каде оваа сезона принудно игра Серџи Роберто, а медиумите тврдат дека клубот од „Камп Ноу“ се интересира за десниот бек на Реал Сосиедад, Алваро Обризола.
Станува збор за еден од најталентираните бекови во лигата, па сигурно ќе претставува инвестиција за иднината, а Барса за неговиот потпис е спремна да плати 30 милиони евра.