Дома Топ вести Барса и Севиља постигнаа договор, Кунде се сели на „Камп Ноу“

Барса и Севиља постигнаа договор, Кунде се сели на „Камп Ноу“

Барселона успеа да го победи Челзи во трката за Жил Кунде и постигна комплетен договор со Севиља за дефанзивецот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Барселона за потписот на Французинот ќе плати 50 милиони евра плус 10 милиони во форма на бонуси, а Кунде веќе ги договори личните услови за четиригодишна соработка.

Кунде беше многу блиску до трансфер во Челзи, кој нудеше повеќе пари, но самиот фудбалер инсистираше да се пресели на „Камп Ноу“.

23-годишниот Французин беше голема желба на Чави, кој верува дека ќе биде идеална и долгорочна замена за Пике.

Кунде утре треба да пристигне на лекарски прегледи во Барселона и да го комплетира трансферот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…