Како што пренесуваат каталонските медиуми Барселона е одлучна во намерата да го доведе Хектор Белерин во своите редови, и веќе смислила начин како да ги убеди челниците на Арсенал.
„Топџиите“ бараат 40 милиони евра за Белерин, а Барселона сака да плати 15 милиони плус на „Емирати“ да го испрати Арда Туран.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Арсенал е заинетресиран за Арда Туран бидејќу на лето најверојатно ќе остане без Месут Озил, па во Турчинот гледа идеална замена за него.
Поради тоа медиумите веруваат дека Арсенал би можел да ја прифати понудата на Каталонците, особено поради фактот што и Белерин сака да се врати во матичниот клуб.