Баерн Минхен е сериозно заинтересиран по голгетерот на Напол Виктор Осимен, пренесуваат германските медиуми.
Баварците се во потрага по нов напаѓач за следната сезона, а раководството верува дека Осимен ќе биде идеален избор.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Сепак, Наполи нема лесно да се откаже од него и за слободата на Осимен бара 100 милиони евра, но Баварците веќе стапиле во контакт со агентот и сакаат што поскоро да постигнат договор.
Осимен пред две години пристигна во Наполи за 70 милиони евра и се етаблираше во еден од најдобрите напаѓачи во Серија А.
Неговиот агент веќе стапил во контакт со Баварците, кои во него гледаат долгорочна замена за Левандовски.