Дома Топ вести Баерн ја понижи Барселона: Парите за Левандовски ги сака веднаш, бидејќи смета дека за една година клубот ќе банкротира

Баерн ја понижи Барселона: Парите за Левандовски ги сака веднаш, бидејќи смета дека за една година клубот ќе банкротира

Сагата околу трансферот на Роберт Левандовски во Барселона се уште трае, а Баерн Минхен не попушта.

Левандовски има договор со Барселона и инсистира да се пресели на „Камп Ноу“, иако има уште една година договор со Баерн Минхен.

Баварците ги одбија првите две понуди од Каталонците и порачаа дека нема да го пуштат голгетерот за помалку од 50 милиони евра.

Желбата на Барселона е трансфеот на Левандовски да го исплаќа на рати, но Баерн не прифаќа таква опција бидејќи во Минхен веруваат дека Барса може да банкротира за една-две години.

Познато е дека Барселона е во големи финансиски проблеми, а долгот на клубот надминува 1 милијарда евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Конте во Тотенхем „отпишал“ четворица играчи кои вредат 100 милиони евра

Медиумите на Островот пренесуваат дека раководството на Тотенхем испратило порака до четво…