Дома Фудбал Лига на шампиони Баерн се прошета на Камп Ноу, Јувентус сигурен, Челзи едвај🎥

Баерн се прошета на Камп Ноу, Јувентус сигурен, Челзи едвај🎥

Очигледно дека моќната Барселона е веќе минато, па Баерн Минхен дојде до висока победа на „Камп Ноу“ од 3:0.

Германскиот шампион подобро го отвори мечот, имаше иницијатива и создаде неколку шанси.

Во 35-та минута Томас Милер уште еднаш покажа дека е „кошмар“ за Каталонците и од дваесетина метри погоди за 1:0.

Во второто полувреме видовме тотална доминација на гостите. Во 56-та минута Мусиала ја погоди стативата, а Левандовски зголеми на 2:0.

Полјакот ги постави и конечните 3:0 во 85-та минута, но Баерн промаши многу шанси и победата можеше да биде поубедлива.

Јувентус дојде до лесна победа над Малме и работата ја заврши уште во првото полувреме со головите на Алекс Сандро, Дибала и Мората.

Виљареал и Аталанта одиграа возбудлив натпревар со четири гола кој заврши без победник. Челзи едвај стигна до победа против Зенит со голот на Лукаку во 69-та минута.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Нов гол на Алиоски за Ал-Ахли🎥

Македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски продолжува со добрите партии во дресот на Ал-Ах…