Дома Фудбал Германија Баерн: Никогаш не сме биле вклучени во плановите за Суперлигата

Баерн: Никогаш не сме биле вклучени во плановите за Суперлигата

Нajбогатите клубови официјално креираа ново натпреварување под името Суперлига во кое ќе се натпреваруваат само најдобрите клубови.

Веќе е познато дека претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез е главниот и одговорен за формирањето на ова натпреварување. Целта е клубовите кои дадоа согласност да заработат што повеќе пари.

УЕФА е против Суперлигата и најавени се санкции за клубовите кои ќе учествуваат. На клубовите им се заканува исфрлање од Лигата на шампионите и националните првенства, а играчите кои ќе настапат во Суперлигата ќе добијат забрана за настап на официјални натпревари за репрезентацијата. Ова го најави вчера првиот човек на УЕФА Александар Чеферин.

Баерн одби да биде дел од таа нова Суперлигата, па вчера претседателот на клубот од Минхен, Карл-Хајнц Румениге зборуваше на оваа тема.

„Баерн никогаш не бил вклучен во плановите за Суперлигата. Ги поздравуваме реформите на УЕФА во Лигата на шампионите и сметаме дека тоа е вистинскиот чекор за развој на европскиот фудбал. Тие промени ќе го зголемат возбудувањето и натпреварувачкиот дух во Лигата на шампионите. Мислам дека Суперлигата нема да ги реши финансиските проблеми на клубовите кои настанаа со коронавирусот. Клубовите во Европа заедно треба да работат на тоа да се обезбедат фудбалот да биде што повеќе рационален“, порача Румениге.

Учеството во Суперлигата веќе го потврдија: Реал Мадрид, Барселона, Атлетико Мадрид, Челзи, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Тотенхем, Ливерпул, Јувентус, Интер и Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Јувентус започна преговори со Гатузо

Јувентус веќе ја започна потрагата по нов тренер за следната сезона, пренесуваат италијанс…