Леон Горецка изминатите години беше еден од најважните фудбалери на Баерн Минхен, но неговата позиција во тимот се промени.
Горецка има договор до 2026 година и од „Алијанц Арена“ би сакале да се разделат со него сега, а не следното лето, кога тој веќе ќе биде во последната година од договорот.
Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓
Горецка беше изоставен од тимот за првиот меч во Бундеслигата викендов, што е јасен показател дека Компани не смета на него.
Најсилен интерес за Германецот покажуваат Атлетико Мадрид и Наполи, кои веќе стапиле во контакт со неговиот агент.
🚨 Leon Goretzka has been left out of Bayern's squad for today's game even though he's fit to play.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) August 16, 2024
Clear indication that he's not in Vincent Kompany's main plans but the midfielder wants to stay and fight for his place.
(Source: @plettigoal) pic.twitter.com/YaVcUnNOMM