Дома Топ вести Баерн Минхен го сака Хаверц

Баерн Минхен го сака Хаверц

Германскиот репрезентативец, Каи Хаверц на лето би можел да го напушти Челзи, пренесуваат англиските медиуми.

Германецот оваа сезона не игра на препознатливото ниво, а медиумите тврдат дека сака да ја промени средината на крајот на сезоната.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Хаверц веќе го известил својот агент и доколку Челзи не избори пласман во Лигата на шампиони тој сигурно ќе побара трансфер.

Хаверц има договор со „сините“ за уште две години, а Челзи нема да се противи на неговото заминување и му поставил цена од 60 милиони фунти.

Германските медиуми пренесуваат дека Хаверц може да се врати во Бундеслигата бидејќи силен интерес за него покажува Баерн Минхен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…