Дома Топ вести Баерн и Барселона се вклучија во трката за Лукаку

Баерн и Барселона се вклучија во трката за Лукаку

И покрај постојаните информации од Италија дека Ромелу Лукаку е блиску до враќање во Интер, сепак два други европски гиганти се вклучија во трката за Белгиецот.

Според „Мундо Депортиво“, белгискиот напаѓач е опција за Барселона доколку Каталонците не успеат да го привлечат Роберт Левандовски.


ЕУРО 2024: Кој јунак ќе ја сопре Франција!? ↓↓↓


Лукаку сака да го напушти Челзи по лошата сезона на „Стемфорд Бриџ“. Тој сака да се врати во Интер и веќе има договор со „нероаѕурите“, но миланскиот клуб има финансиски проблеми и сака да го донесе само на позајмица.

Во трката за потписот на Лукаку се вклучи и Баер Минхен, кој во него гледа идеален наследник за Левандовски.

Баварците преговараат со Садио Мане, но се во потрага и по централен напаѓач, па веќе стапиле во контакт со агентот на Лукаку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ситуација како на натпреварот Англија – Србија на едно ЕП не се случила 44 години

Вчера во Гелзенкирхен се сретнаа екипите на Србија и Англија, а славеше селекцијата на „Го…