Дома Топ вести Баерн испрати нова понуда, Де Лихт на чекор од Минхен

Баерн испрати нова понуда, Де Лихт на чекор од Минхен

Баерн Минхен е многу блиску до комплетирање на трансферот на дефанзивецот на Јувентус, Матијас де Лихт, пренесуваат италијанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Двата клуба преговараат веќе подолго време, а првата понуда на Баварците од 75 милиони евра беше одбиена, бидејќи Јувентус за слободата на Де Лихт бара 90 милиони евра.

Баерн сега испрати нова понуда од 80 милиони евра плус бонуси, па двете страни се блиску до договор.

Де Лихт веќе има договор со Баерн Минхен за 5-годишна соработка и на „Алијанц Арена“ годишно ќе заработува 10 милиони евра по сезона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека трансферот ќе биде комплетиран на почетокот на наредната недела.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…