Баерн Минхен предвреме реагираше и порано од предвиденото го доведе во своите редови Брајан Срагоса.
Томас Тухел се соочи со неколку повредени фудбалери во своите редови, а по последната повреда на Кингсли Коман кој ќе биде надвор од терените околу три месеци клубот одлучи да реагира.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Сарагоса беше договорен од Гранада да пристигне во јуни, меѓутоа сега Баерн доплати дополнителни милиони и го доведе.
Гранада се согласи за сума од загарантирани три милиони евра плус 1.5 преку бонуси. Сарагоса е трето засилување на Баерн во овој преоден рок, претходно потврдени беа Ерик Дајер од Тотенхем и Саша Бои од Галатасарај.