Баерн Минхен денес ги изненади навивачите со претставувањето на уште една гарнитура на дресови.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Баварците претходно претставија две гарнтиури на дресови со кои ќе играат скоро во сите натпревари оваа сезона.
Меѓутоа клубот од Минхен денес одлучи да претстави посебна гарнитура на дресови во која ќе одигра само еден натпревар.
Имено, Баерн и „Адидас“ дизајнираа дресови во чест на Октоберфест кој наскоро почнува.
Дизајниот е необичен затоа што дресови се зелени со златни линии, букви и грб.
Потврдено е дека Баерн со овие дресови ќе игра само против Бохум утре во натпреварот кој започнува во 15:30 часот.
