Баерн Михен го потврди трансферот на ѕвездата на Лајпциг, Марсел Сабицер.
Сабицер влезе во последната година од договорот и сакаше да ја промени средината, па Лајпциг мораше да го продаде бидејќи следното лето ќе го загуби без обештетување.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Баерн ја искористи ситуацијата и се договори со еден од најдобрите играчи за врска во Бундеслигата, а за неговиот потпис плати 16 милиони евра.
Денес Баварците официјално потврдија дека Сабицер потпишал договор до 2025 година.
📸🔴⚪ #ServusMarcel pic.twitter.com/Nk58veOt9V
— FC Bayern München (@FCBayern) August 30, 2021