Германските медиуми пренесуваат дека Садио Мане сака по само една сезона да си замине од Баерн Минхен.
Мане е незадоволен во Германија, не се снајде најдобро во Баерн, а инцидентот во соблекувалната и ударот на Лерој Сане по поразот од Манчестер Сити во четвртфиналето од ЛШ е последица од фрустрациите на Сенегалецот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бвараците исто така сакаат да се ослободат од Мане, па медиумите пренесуваат дека би можеле да го понудат во трампа.
Планот на Баерн е да го испратат Мане во Наполи и да доплатат одредена сума пари, а за возврат да го добијат Виктор Осимен.
Сепак, ова е тешко остварливо бидејќи платата на Мане е превисока за Наполитанците, кои ќе направат се за да го задржат Осимен.