После неколкумесечен спор од Атлетико Мадрид се согласија да му платат на Спортинг Лисабон за трансферот на Желсон Мартинс, пренесува португалска „А Бола“.
Желсон Мартинс имаше договор со португалскиот гигант и во него имаше откупна клаузула од 100 милиони евра. После проблемите кои ги имаа со фановите на Спортинг Лисабон, голем број на фудбалери го искористија тоа за да ги раскинат договорите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На тој начин Мартинс ова лето пристигна во Атлетико Мадрид без обештетување.
Меѓутоа, клубот од Лисабон тврди дека фудбалерите противправно заминале и ги заплашија нивните нови клубови со тужби.
Веројатно адвокатите на Атлетико утврдиле дека ќе го загубат делото на суд и постигнале согласност со португалскиот клуб да платат 30 милиони евра за да се затвори случајот.
Истото ќе го направи и Вулверхемптон, кој за голманот Руи Патрисио се согласи да му плати 20 милиони евра на Спортинг Лисабон.
Atletico Madrid will pay Sporting CP €30m for Gelson Martins despite signing the winger as a free agent in the summer.
(Abola) pic.twitter.com/gzr9gWwwnF
— ESP Football (@ESPFutbol_en) September 25, 2018