Дома Фудбал Атлетико го „блиндира“ својот 16-годишен „бисер“

Атлетико го „блиндира“ својот 16-годишен „бисер“

Атлетико Мадрид е познат како клуб кој одлично „тргува“ на трансфер пазарот и кој знае добро да ги продаде своите фудбалери.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Јорганџиите“ сега потпишаа договор со 16-годишниот голман Алехандро Итурбе со важност до 2024 година, пренесува „Марка“.

Она што е интересно е што во договорот на тинејџерот стои откупна клаузула од 36 милиони евра.

Итурбе е дете на Атлетико и ова за него е прв професионален договор, па клубот сакаше да се заштити со висока откупна клаузула.

Итурбе важи за еден од најталентираните голмани во Европа и е прв голман за младинските категории на Шпанија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Каде одиме? Ова Светско првенство е фијаско!

Легендарниот поранешен фудбалер и функционер Ули Хенес е разочаран од Светското првенство …