Дома Трансфер зона Асенсио потпиша и порача: Останувам во најголемиот клуб на светот!

Асенсио потпиша и порача: Останувам во најголемиот клуб на светот!

Новиот миленик на фановите на Реал Мадрид, Марко Асенсио денес и официјално стави потпис на нов договор и се обврза на верност кон „кралскиот“ клуб до 2023 година.

Асенсио на пресконференцијата истакна дека ова е специјален ден за него бидејќи останува во, како што рече, најголемиот клуб во светот.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


„Денес е специјален ден за мене, бидејќи потпипувам договор со најголемиот клуб во светот. Минатата сезона напредував многу. Целите се јасни – да освоиме многу трофеи со Реал Мадрид“, изјави младиот Шпанец.

„Јас сум се уште млад и не мислам за Златната топка. Треба да се оди чекор по чекор. Се чувствувам важен за тимот и се наоѓам во добар момент. Секогаш се ободувам да ги искористам минутите кои ми ги дава тренерот“, додаде Асенсио, кој откри кој бил неговиот идол од детството.

„Како мал мојот идол беше Зидан, а сега ми е тренер. Во моментов ме импресионира Кристиано со неговата амбиција. Иако има освоено многу трофеи, се уште се труди да напредува“, заклучи Асенсио.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…