Дома Трансфер зона Асенсио бара гаранции од Клоп за да се пресели во Ливерпул

Асенсио бара гаранции од Клоп за да се пресели во Ливерпул

Шпанските медиуми пренесуваат дека Ливерпул е силно заинтересиран за ѕвездата на Реал Мадрид, Марко Асенсио.

Ливерпул го доведе Дарвин Нуњес како најскапо засилување во историјата, но Клоп го сака и Асенсио во кого гледа идеална замена за Мане.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Асенсио влегува во последната година од договорот, па Реал е спремен да го продаде, а Ливерпул сака да ја искористи ситуацијата.

Шпанецот е во потрага по клуб каде ќе има поголема минутажа, но не е сигурен дека во Ливерпул ќе има главна улога во тимот, бидејќи игра на истата позиција како Салах.

Клоп веќе стапил во контакт со агентот на фудбалерот и ќе се обиде да го убеди да ја прифати понудата, но во моментов Асенсио преферира да се пресели во клуб каде ќе има загарантирано место во првиот тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…