Венгер имал богата понуда за по 20 години да го напушти Арсенал, но им рекол „НЕ“ на богатите сопственици од Кина.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Французинот имал понуда од 30 милиони фунти, па така, да се согласил, би имал четири пати поголема плата од онаа на „Емирати“.
Договорот на Венгер со „Топчиите“ истекува на лето, но тој претходно на пресконференцијата изјави дека останува во Арсенал, иако медиумите во повеќе наврати тврдеа дека си заминува, а дека ќе го наследи или Томас Тухел или Масимилиано Алегри.
Веќе одамна 67-годишниот стратег не прави добри резултати во Арсенал, а управата на клубот се уште го држи поради извондредната финансиска исплатливост.