Арсенал сака додатно да го засили тимот во зимскиот предоден рок, а приоритет за тренерот Артета е квалитетен играч за врска.
Англиските медиуми пренесуваат дека најголема желба на „топџиите“ е Мартин Зубименди од Реал Сосиедад.
Викенд за уживање: Дерби до дерби секаде! ↓↓↓
Арсенал сака да создаде моќен среден ред со Деклан Рајс и Зубименди, кои би биле од големо значење и за иднината на тимот.
Зубименди е голема желба на Барселона и Манчестер Јунајтед, но Арсенал е спремен да ја победи конкуренцијата и работи на трансферот.
Реал Сосиедад досега одбиваше понуди за 24-годишниот фудбалер, но Арсенал сега е спремен да понуди 60 милиони евра.