Дома Трансфер зона Арсенал го претстави засилувањето од 45 милиони

Арсенал го претстави засилувањето од 45 милиони

Арсенал денес и официјално го потврди трансферот на Јуриен Тимбер од Ајакс.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Дефанзивецот пристигнува од Ајакс во зделка вредна 40 милиони евра, плус додатни 5 милиони евра во бонуси.

22-годишниот холанѓанец потпиша договор со Арсенал до 2028-мата година, а е второ засилување за „топџиите“ после Каи Хаверц.

„Навистина сме возбудени што ни се приклучи Јуриен. Тој е сестран и млад дефанзивец, ќе се вклопи во нашиот систем и ќе донесе многу квалитет во нашиот тим. Иако е млад, тој веќе постигна многу. Тој има искуство во европските натпреварувања, а освои и трофеи со Ајакс. Со нетрпение очекуваме да му посакаме добредојде и да го интегрираме во тимот“, изјави Артета.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…