Дома Фудбал Светско првенство во фудбал - Мундијал во Русија 2018 Апсолутни шампиони: Швеѓаните испиле буквално – СЕ!

Апсолутни шампиони: Швеѓаните испиле буквално – СЕ!

0
sweden

Нижни Новоград не памети ваков бран на навивачи…

Светското првенство се уште е во првата фаза, а денес добивме шампиони во еден друг сегемент и тоа се – Швеѓаните!

Швеѓаните на отварањето на денешниот мундијалски ден ја совладаа Јужна Кореја со 1:0, а ова беше прва победа за оваа селекција на светските првенства после 60 години.

Поради оваа победа Швеѓаните во овој град испија буквално – СЕ!


Следете го Sportski.mk и на


Не паметиме кога се случило вакво нешто, но информациите говорат дека во самиот град не се најдобри спремни да бидат град домаќин на Светското првенство.

Повеќе од 7.000 навивачи на Шведска пристигнаа во Русија. Вистински хаос настанал после влегувањето на стадионот кога навивачите кои се забавуваа останале без пиво.

Зачудувачки звучи податокот дека после победата никаде во центарот на овој град не можете да купите пиво, а од локалната власт се бранат со објаснување дека никогаш претходно не организирале нешто слично.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал - Мундијал во Русија 2018

Проверете

Се уште има магија: Роналдињо повторно воодушеви (видео)

Во Франкфурт синоќа се одигра хуманитарен натпревар на кој легендарниот Роналдињо покажа д…