Бразилецот Касемиро заедно со Лука Модриќ и Тони Крос десет години царуваа на средината од теренот носејќи го дресот на Реал Мадрид. Пред речиси две години, Касемиро одлучи да ги напушти „кралевите“ и се пресели во Манчестер Јунајтед.
Заминувањето на Касемиро посебно тешко му паднало на тренерот Карло Анчелоти.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Одлучив да си заминам откако ја освоивме Лигата на шампионите. Видов дека моето време веќе завршува и бев на вистинска возраст за промена, сакав да напредувам. Одлукатан е беше лесна затоа што луѓето ме сакаа“.
„Се двоумев само во една ситуација. Беше петок и се беше завршено околу мојот трансфер, сепак тренирав со тимот, иако се чекаше само потписот. Отидов во канцеларијата да разговарам со Анчелоти и кога влегов кај него тој се сврте и почна да плаче зборувајќи ми да не заминувам. Тогаш малку се сомневав во мојата одлука, но веќе имав се договорено и му дадов збор на Манчестер Јунајтед“, откри Касемиро.
Во Манчестер Јунајтед Касемиро не успеа да ја врати формата со која играше во Мадрид и игра под очекувањата.