Барселона и Реал Мадрид денес од 16:15 часот ќе играат Ел Класико во рамките на 11. коло во шпанското првенство.
Лука Модриќ би можел да биде на клупата на резервите на Реал. Тренерот на мадридскиот клуб Карло Анчелоти на прес-конференцијата беше запрашан како би му објаснил на „играч како Модриќ“ дека ќе биде резерва.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
„Овде сите се професионалци, не бараат објаснувања и не им давам објаснувања на оние што не играат. Нема за што да се грижите“, одговори Анчелоти.
Доколку 38-годишниот Модриќ игра во дербито, ќе стане најстариот фудбалер кој некогаш играл на Ел Класико.
Тој рекорд сега го држи поранешниот голман на Реал, Пако Бујо, кој застана меѓу стативите во 1996 година на возраст од 38 години и 38 дена.
Барселона тогаш славеше со 3:0. Модриќ со 38 години и 47 дена оваа сезона најмногу во игра влегува од клупата.