Дома Фудбал Останато Аморим доби јасна порака од навивачите: За фудбалерот кој беше „отпишан“ кај Тен Хаг мора да има место!

Аморим доби јасна порака од навивачите: За фудбалерот кој беше „отпишан“ кај Тен Хаг мора да има место!

Фудбалерите на Манчестер јунајтед во вчерашниот натпревар од Лига Европа го победија ПАОК со 2:0, а одличен натпревар одигра младиот крилен фудбалер Амад Диало.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Диало беше најдобар на теренот и овој негов настап може да биде и препорака кај Рубен Аморим кој од почетокот на наредната недела ќе го преземе тимот.

Ако се следат објавите на навивачите на Манчестер јунајтед тие се презадоволни од изданието на Диало и до португалскиот стратег испраќаат пораки дека за него мора да има место во тимот.

„Одлични работи се случуваат кога Амад игра од првата минута. Беше одличен и заслужи да ги постигне головите. Мора да игра и мора да биде во првите 11 кога ќе дојде Аморим“.

„Некаде во тимот мора да има место за Амад, игра брутално“.

„Тен Хаг е криминалец, овој играч го сифрли од првиот тим цел месец, а Антони беше на клупа“…се само дел од коментарите.

Пред натпреварот против ПАОК, Амад имаше 14 настапи за Манчестер јунајтед и само четири беа од првата минута.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Што има освоено ПСЖ откако се „ослободија“ од Килијан Мбапе?

Парижаните продолжија да доминираат по заминувањето на својата најголема ѕвезда, додека Мб…