
Кристиано Роналдо вчера потпиша за Ал-Наср од Саудиска Арабија, но клубот сака да доведе уште најмалку една голема ѕвезда.
Имено, Ал Наср сака да го доведе и Един Џеко, на кого му истекува договорот со Интер на лето.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
36-годишниот напаѓач игра одлично оваа сезона, но неговиот договор со „нероаѕурите“ истекува на лето.
Интер наскоро ќе започне преговори за продолжување на соработката, но Босанецот има богата понуда од Саудиска Арабија.
Клубовите од Саудиска Арабија се спремни да вложат многу пари и да донесат големи ѕвезди, па после Кристиано Роналдо се очекува да пристигнат и други ѕвезди.