Дома Фудбал Ал Наср на Роналдо го дегласираше Ал Итихад на Бензема, Португалецот ги престигна Кејн и Мбапе

Ал Наср на Роналдо го дегласираше Ал Итихад на Бензема, Португалецот ги престигна Кејн и Мбапе

Во дербито од 18. коло на саудиското фудбалско првенство, Ал Наср на гости го совлада актуелниот шампион Ал Итихад со 5:2.

Кристијано Роналдо и Садио Мане со по два гола го предводеа Ал Наср до победата.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Ал Итихад поведе во 14. минута со голот на Абдеразак Хамдала на асистенција на Карим Бензема.

Сепак, пет минути подоцна Кристијано Роналдо израмни од пенал. Три минути подоцна Роналдо можеше да постигне уште еден гол, но ја затресе рамката од голот. Сепак, во 38. минута Ал Наср поведе преку Андерсон Талиска.

Хамдала израмни со својот втор гол во 52. минута, но еден од клучните моменти на натпреварот се случи во 67. минута.

Фабињо промаши пенал и притоа заработи црвен картон, а Роналдо од белата точка зголеми на 3:2.

После тоа немаше бегање за домашните. До крајот на натпреварот гостите постигнаа уште два гола, кои ги постигна Садио Мане.

Со нови два гола Роналдо стигна до бројката од 53 гола во оваа календарска година, станувајќи најефикасен играч.

Зад него се Килијан Мбапе и Хари Кејн со по 52 гола. Ал Наср моментално е втор со 43 бодови, додека Ал Итихад е шести со 28 бодови. Ал Хилал е на чело со 50 бода.

Головите на натпреварот погледнете ги ТУКА

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пеп го губи „компасот“: Гвардиола ги изненади навивачите со изборот на лев бек за дербито против Јунајтед

На „Етихад“ утре ќе се одигра големото градски дерби меѓу Манчестер Сити и Манчестер Јунај…