Како што стојат работите Езгјан Алиоски би можел да добие уште еден познат фудбалер за соиграч во Ал Ахли.
Познатиот италијански новинар и експерт за трансфери, Фабрицио Романо објави дека Ал Ахли влегол во преговори со Роџер Ибањез. Според информациите на Романо, понуда за Ибањез испратил и Нотингем Форест кој се обидува да го доведе за 25 милиони евра.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во овој момент „волчицата“ води преговори со двата клуба, па во наредниот период ќе биде познато кој ќе успее да го доведе.
Летово Ал Ахли веќе ги доведе Фирмино, Сент-Масимин, Марез и Менди и Ибањез би можел да биде уште еден во низата.