Дома Македонски спорт Мак ракомет Алушовски изненаден од ситуацијата: Не знам што се случува и ние веројатно нема да тренираме

Алушовски изненаден од ситуацијата: Не знам што се случува и ние веројатно нема да тренираме

Токму во моментите кога Вардар денес ја одржуваше прес-конференцијата пред натпреварот против Нексе кој требаше да се игра во недела пристигнаа информации за одложувањето на натпреварите против Нексе во СЕХА и Пик Сегед во Лигата на шампионите.

Бидејќи се откажани натпреварите Вардар ќе ги следи чекорите како и останатите клубови и ќе ги распушти ракометарите најмалку во наредните 4-5 дена.

„До денес се подготвувавме за натпреварот во недела. За нас ова е хендикеп, во овој момент сме подобар тим од Нексе и во недела очекувавме да го потврдиме пласманот на Ф4 во СЕХА. Сепак, мораме да ги почитуваме насоките кои ги дава државата. И во Европа во овие моменти практика е играчите да бдат распуштени 4-5 дена. Веројатно и ние ќе се одлучиме на таков потег. Нашите тренинзи со 80% сигурност ќе бидат одложен. Искрено, јас лично сум изненаден и не знам што се случува“, изјави Алушовски.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

УБАВИТЕ ВРЕМИЊА НА МЕТАЛУРГ: Кога моќната Барселона беше немоќна пред четата на Лино – цел натпревар!

Денес ќе ве потсетиме на уште еден епски момент од македонскиот спорт – денот кога големат…