Македонскиот фудбалер Езгјан Алиоски вчера беше стрелец за Лидс во победата од 5:0 против тимот на ВБА.
Џани до својот втор гол во Премиер лигата стигна со погодокот за водство од 0:2 кога натрча на една одбиена топка и со силен удар ја испрати во мрежата.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Цело време сакам да учам од мојот тренер, сакам да ја искористам секоја шанса која ја добивам. Знам дека во нападот сме силни, можам и јас да напаѓам затоа што сум крило. Сепак, морам подобро да играм во одбраната и истовремено да одам во напад“.
„Играме атрактивен фудбал и напаѓаме, па во таков случај головите сами доаѓаат. Тоа најдобро се виде против ВБА. Не е само еден кој постигнува голови, ова беше важно за нас, сакавме да ги освоиме трите бода и да ја завршиме годината со победа, среќни сме што успеавме во тоа“, изјави Алиоски.
Mad bastard alioski GET IIIIIIIIN #LUFC pic.twitter.com/HAH6N4Infz
— Andrew💛💙 (@leeds_carajo87) December 29, 2020