Дома Фудбал Англија Алиоски доби нов тренер – Биелса нов кормилар на Лидс

Алиоски доби нов тренер – Биелса нов кормилар на Лидс

Искусниот аргентински стратег Марсело Биелса ќе биде нов тренер на Лидс, потврди денес англискиот клуб.

„Лудакот“ веќе подолго време се поврзуваше со кормилото на Лидс, а денес и официјално потпиша двегодишен договор со славниот англиски клуб.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Со оваа менаџерска смена Лидс и петта сезона во низа во Чемпионшип ќе стартува со нов менаџер, а Алиоски ќе има шанса да работи со врвен стратег.

Биелса своевремено беше селектор на Аргентина, потоа ја водеше и селекцијата на Чиле, а минатата сезона ја почна во Лил, каде доби отказ по недоразбирањето со управата на клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Тренираше во Сити со Халанд и Де Брујне, но се откажа од фудбал = ќе имал досаден живот, сакал да учи!

Поранешниот млад талент на Манчестер Сити, Хан Вилхофт-Кинг, го изненади фудбалскиот свет …