
Aлширецот Валид Хамиди денес и официјално потпиша договор со тимот на Шкупи.
Хамиди во Шкупи доаѓа од првенството на Алжир и од него во Чаир имаат големи очекувања.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Шкупи ова лето е еден од поактивните клубови на трансфер пазарот, па Хамиди е едно од низата засилувања и ќе биде интересно да се види како стратегот Гоце Седлоски ќе ги вклопи новите имиња.
Ќе потсетиме, Шкупи го чекаат и квалификациските натпревари во Конференциската лига, прва пречка е тимот на Лапи со кого ќе се сретнат во четврток на Арената „Тодор Проески“.