Манчестер Јунајтед е многу блиску до комплетирање на трансферот на Алекс Сандро од Јувентус, пренесуваат англиските медиуми.
Бразилскиот лев бек е примарна трансфер цел на Жозе Мурињо, а најновите информации тврдат дека двете страни се многу блиску до договор.
Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Лук Шоу и Матео Дармијан ќе го напуштат „Олд Трафорд“ ова лето, па поради тоа „Специјалниот“ сака да донесе врвен лев бек.
Конкуренцијата за Алекс Сандро беше голема бидејќи Бразилецот беше на радарот на ПСЖ и Челзи, но на крајот „црвените ѓаволи“ успеаа да го убедат да го избере Манчестер Јунајтед.
Јувентус нема проблем да се раздели со Алекс Сандро доколку пристигне понуда од 60 милиони евра, а токму таа сума се спремни да ја платат „црвените ѓаволи“.